Prijavi problem

Ученичката Викторија Димитриевска од СОСУ „Илинден“ го освои првото место на државниот натпревар во претприемачки вештини

Објавено на: 19.12.2017 - 14:31

Ученичката Викторија Димитриевска од Средното општинско стручно училиште „Илинден“, како дел од шестчлена екипа го освои првото место на Иновативниот камп-натпревар на средношколци  од Република Македонија во претприемачки вештини. Наградата е доделена за иновацијата во која нивната компанија која нуди услуга во вид на апликација, може да им помогне на сите кои сакаат да купат нов електричен производ, за поволна цена, а едновремено да ја намали и сумата на нивната сметка за електрична енергија. Апликацијата има за цел да ги подредува електричните производи по најмала потрошувачка на електрична енергија и со тоа да придонесе за енергетската ефикасност во заедницата, а и семејниот буџет, заштедувајќи електрична енергија.

На натпреварот поддржан од УСАИД, што се одржа во организација на Џуниор Ачивмент Македонија, како дел од глобалната мрежа Junior Achievements Worldwide учествуваа 140 ученици од 28 средни училишта од земјава.

Учениците ги воодушевија присутните со своите иновативни решенија од прочистувачи за воздух, микро контролори за заштедување на електрична енергија, преку идеи за производство на економични светилки, клима уреди на соларни колектори, до батерии на соларна енергија, модуси за рециклирање на пластика и хартија и иновативни идеи за создавање на био гориво од растително потекло.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013