Prijavi problem

Тркалезна маса на тема Интеракција на јавен и приватен сектор преку развојни партнерства во БФЦ ЈИЕ општини и градови

Објавено на: 23.11.2018 - 16:12

Во конференциската сала во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден, се одржа тркалезна маса на тема Интеракција на јавен и приватен сектор преку развојни партнерства. На тркалезната маса што се реализираше во организација на Општина Илинден, Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) и ГИЗ Отворен регионален фонд за модернизација на општински услуги на компаниите, им беше претставена можноста за соработка во аплицирање на заеднички проекти меѓу Општина Илинден и компаниите од локалните економски зони, за користење на средства од програмата од ЕУ земјите кои поддржуваат развојна соработка меѓу јавниот и бизнис секторот.

 Иницијативата за развивање јавно-приватна соработка неодамна е покренета од Регионалната мрежа за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (БФЦ ЈИЕ мрежа) со поддршка на ГИЗ. Општина Илинден е дел од оваа програма бидејќи се стекна со БФЦ сертификатот (Business Friendly Certification South East Europe (BFC SEE), односно е општина со поволно бизнис опкружување. Овој сертификат претставува потврда за инвеститорите и за стопанствениците дека општината нуди ефикасна и ефективна услуга, односно целосна, навремена, комплетна информација и поддршка за разработување на нивните потреби за вложување, како и поддршка при натамошното развивање на нивниот бизнис.

На тркалезната маса беше претставена програмата на германската влада DeveloPPP која дава целна поддршка на приватните инвестиции и вклучување на приватниот сектор во развојни прашања на локалната заедница и поддршка на дејностите на кои припаѓаат.

Можните полиња на соработка меѓу Општината и бизнис заедницата се во делот на обука и едукација, трансфер на технологии, оптимизирање на синџирот на додадена вредност, како и мерки за заштита на животната средина.

Право на аплицирање имаат компании кои во својата сопственичка структура имаат минимум 25 % удел на капитал по потекло од Германија, земјите членики на Европската унија и ЕФТА. Носител на апликацијата се компаниите, додека Општината се јавува како партнер во реализација на проектот.

На тркалезната маса преку отворен дијалог стана збор за потенцијалните теми и проекти кои може да бидат поддржани од страна на DeveloPPP и сличните програми со конкретна помош од БФЦ ЈИЕ мрежата.

Во наредниот период ќе се разгледаат конкретни проектни активности кои нќе бидат подготвени во рамки на апликација ииститре ќе бидат поднесени за финансираљње, имајќи предвид дека овој проектен циклус трае три години и истиот – проектите треба да бидат завршени најдоцна до 31.03.2021 година.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013