Prijavi problem

Свечено предаден во употреба Домот на култура „Илинден“

Објавено на: 16.11.2012 - 09:43

Во населба Илинден на свечен начин беше предаден во употреба новоизградениот Дом на култура „Илинден“. Пред поголем број граѓани Домот на култура во употреба го пуштија Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Општина Илинден  Жика Стојановски.

Домот на култура „Илинден“ е дел од капиталниот проект на Општина Илинден „10 Домови на културата“, а е на три нивоа и се простира на површина 900 метри квадратни. Овој модерен објект изграден според сите светски стандарди, располага со галерија за ликовни изложби, сала за приеми и одржување на свечени настани, сала за кино проекции, театарски претстави и фолклорни манифестации, конференциски сали, сали за семинари и работилници, сала за венчавки, информатички центар, општинска библиотека, како и простории за здруженија и невладини организации.

Инвестицијата во овој капитален објект е 500 илјади евра, од кои 200 илјади евра се дел од проектот финансиран од страна на Европската унија „Општински награди“, за наградата што Општина Илинден ја освои за Локален економски развој а 300 илјади евра се од Буџетот на Општина Илинден.

Изградбата на Домот на култура „Илинден“ е дел од капиталниот Проект на Општина Илинден 10 Домови на културата, во рамките на кој комплетно се изградени, реконструирани и опремени Домовите на култура: „Кадино“- 320 м2, „Мршевци“- 250м2, „Дељадровци“- 200 м2,  „Бујковци“- 132 м2, „Бучинци“- 100 м2 и „Текија“- 60м2


Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013