Prijavi problem

СВЕЧЕНО ОТВОРЕНО НОВОТО ИГРАЛИШТЕ ВО МАРИНО

Објавено на: 30.09.2009 - 15:04

 

Во општина Илинден во населеното место Марино свечено во употреба беше пуштено првото помошно фудбалско игралиште.

Фудбалското игралиште во употреба пред многубројните посетители и граѓани го пуштија Претседателот на Владата на Р.Македонија г-дин. Никола Груевски, Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт г-дин. Драган Ѓурчевски и Градоначалникот на општина Илинден г-дин.Жика Стојановски.

Новоизграденото помошно фудбалско игралиште е со стандардни димензии од 120 на 80 метри, со соблекувални и туш кабини, трибини за посетители како и целосно е осветлено.

Ова иралиште е дел од проектот на Владата на Република Македонија и Агенцијата за Млади и Спорт за изградба на 50 фудбалски игралишта.

Воедно покрај ова фудбалско игралиште кое е пуштено во употреба уште едно вакво помошно фудбалско игралиште интензивно се гради во општина Илинден во населеното место Кадино.

На овој начин со изградба на овие фудбалски терени ќе се значително ќе се подобрат условите за развојот на спортот и спортскиот дух како и ќе им се овозможи на спортските клубови во општина Илинден да имаат одлични терени за тренирање и одигрување спортските натпревари. 

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013