Prijavi problem

Свечено отворање на 18-та Литературна манифестација „Илинден 2017“

Објавено на: 18.04.2017 - 07:50

 

Во Домот на култура „Илинден“, денес со почеток во 19:00 часот на свечен ќе биде отворена 18-та Литературна манифестација „Илинден 2017“ и Деновите на книгата во Општина Илинден. Манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Веднаш по отворањето ќе биде промовирана поетската книга „Устата на јавето“ од Раде Силјан, за која промотивна реч ќе одржи Веле Смилевски.

Во рамките на свеченоста ќе биде отворена изложба на слики на ликовниот уметник Павле Кузмановски , а вечерта ќе биде збогатена со музички колаж на Васил Атанасов.

За сите оние што сакаат да присуствуваат на отворањето на Литературната манифестација обезбеден е организиран превоз. Од паркингот пред хотелот „Холидеј Ин“, во центарот на Скопје, во 18:00 часот ќе поаѓа автобус број „63“ кој ќе ги превезува посетителите на Манифестацијата до Општина Илинден и ќе ги враќа кога ќе заврши настанот, што почнува во 19:00 часот. 

Прилог: ПРОГРАМА

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013