Prijavi problem

Свечено одбележан 20-ет годишниот јубилеј на ЈКП „Илинден“

Објавено на: 29.04.2018 - 10:03

 

Со пригодна свеченост што се одржа во домот на култура „Илинден“ во населба Илинден, Јавното комунално претпријатие „Илинден“ одбележа 20-ет години од своето постоење. ЈКП “Илинден“ е основано со одлука на Советот на општина Илинден, врз основа на Законот за комунални дејности и Законот за локална самоуправа, во април 1998 година, со цел стопанисување со водоводот и собирање на комуналниот смет од домаќинствата.

За значењето на овој голем јубилеј и за успесите што десега ги постигна ова претпријатие пред присутните зборуваше директорот на ЈКП „Илинден“, Игор Филиповски. Притоа, тој посебно го потенцираше податокот што ова претпријатие кое при формирањето со само неколку вработени и без никаква механизација, денес располага со современ возен парк од дваесеттина комунални возила за собирање и транспортирање на смет, цистерни за фекална канализација и вода, специјално возило за зимско одржување на улици, како и други помошни комунални возила.

На крајот од своето излагање, за особен придонес во развојот на ЈКП „Илинден“, тој му врачи посебна плакета на градоначалникот Жика Стојановски, кој всушност е еден од основачите и прв директор на ова претпријатие.

Заблагодарувајќи се на признанието, градоначалникот Стојановски истакна дека му претставува вистинско задоволство и голема чест што има можност да присуствува на овој свечен чин, посебно истакнувајќи го импресивниот  развој на ЈКП „Илинден “ и општина Илинден во изминатите 20 години.

- Како градоначалник на општина Илинден сакам да ја искористам можноста и да им искажам благодарност на сите оние што учествуваа во создавањето на ЈКП „Илинден“, но и на сите денес вработени во претпријатието кои со својот труд дадоа придонес општина Илинден денес да биде најчиста општина во државата и во регионот. Ова е заслуга на вработените во комуналното претпријатие, од оние неколкумина вработени што почнаа пред 20 години до денешните над 120 вработени во двете комунални претпријатија ЈКП „Илинден“ и ЈКП „Водовод“, истакна градоначалникот Стојановски.   

Притоа, тој потенцираше дека јавните комунални претпријатија се наоѓаат пред нови предизвици, истакнувајќи дека бизнис семејството на општина Илинден секојдневно расте.

- Нови погони континуирано се градат во локалните економски зони. Општина Илинен покрај привлечна инвеститорска дестинација, станува се попосакувано место за живеење со што бројот на жители од ден на ден се зголемува. Денес, во општина Илинден живеат меѓу 19 и 20 илјади жители. Сето ова бара дополнителни ангажмани на вработените во јавните комунални претпријатија, додаде градоначалникот Стојановски.

На крајот од своето излагање тој уште еднаш им го честиташе јубилејот на вработените во ЈКП „Илинден“, посакувајќи им уште многу успеси.

Во рамките на свеченоста на повеќемина вработени во ЈКП „Илинден“ им беа доделени посебни признанија за особен придонес во развојот претпријатието.   

ЈКП “Илинден” е ангажирано за собирање, изнесување и депонирање на комунален отпад од населението и индустријата, одржување на јавната чистота, чистење на јавни површини, уредување на паркови, зеленило, парк-шуми, садење на ниска и висока вегетација, уредување и одржување на улици, сообраќајници и пешачки патеки, одржување на јавно осветлување, стопанисување со спортските објекти на територијата на општина Илинден, како и оџачарски услуги и  управување и одржување на гробишта. Области во кои во изминатите 20-ет години  постигна завидни резултати.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013