Prijavi problem

Спортски викенд „Илинден 2018“ – Велосипедска трка „Трофеј Илинден 2018“

Објавено на: 22.07.2018 - 07:00

 

Централен настан и на овој јубилеен 10-ти Спортски викенд ќе биде традиционалната професионална велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2018”, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја.

„Трофеј Илинден 2018” има интернационален карактер бидејќи настапуваат велосипедисти од повеќе држави.

Стартот на трката е закажан за 22 јули (недела) во 16:00 часот пред Спортската сала „Гоце Делчев“, каде што ќе биде и целта. Ќе се возат 4 круга низ населените места на Општина Илинден: Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци и Кадино. Патеката е кружна, а должината на еден круг е 25 километри.

Се очекува да настапат над 70 велосипедисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе категории: сениори, мастерс, кадети, јуниори, жени, У15 и У13.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013