Prijavi problem

Со закројување на лозите и избор на најдобро вино одбележан Свети Трифун

Објавено на: 14.02.2018 - 16:52

Со симболично закројување на виновите лози во дворот на црквата „Свети Трифун“ во н.м Ајватовци и избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин, во присуство на голем број граѓани, во општина Илинден на свечен начин беше одбележан празникот на лозарите Свети Трифун.

На закројувањето на лозите му претходеше Божествена литургија, што по повод празникот Свети Трифун, пред голем број верници ја одржаа свештениците од Македонската православна црква.

Во рамките на манифестацијата, веднаш по закројувањето на лозите, по 5-ти јубилеен пат се одржа презентација и избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин. На овој своевиден саем на виното учествуваа десетина винопроизводители од општината, а како и во изминатите години, изборот го извршија членовите на „Винско витештво“ од Македонија - здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура.

При прогласувањето на најдобрите вина членовите на „Винско витештво“ посебно истакнаа дека сите изложени вина биле со одличен квалитет, така што вистина им било тешко да го одберат најдоброто. Сепак, според нивната одлука, за најдобро беше прогласено виното на Љупче Димитриовски од Ајватовци, второто место му припадна на Николче Христовски од Бунарџик, а третото место го освои Тодорче Георгиевски, исто така од Бунарџик.

На најдобриот винопроизводител во општина Илинден, градоначалникот Жика Стојановски му додели специјална плакета.

Манифестацијата беше збогатена со македонски песни и ора, и црвено вино, како што доликува кога се слави Денот на лозарите.

Свети Трифун се смета за заштитник на полските посеви и затоа винарите го слават како свој патрон и на неговиот ден одат на лозјата, ги закројуваат лозите и ги залеваат со вино. Така и празнувањето на овој празник за жителите од н.м. Ајватовци е продолжение на традицијата наследена од нивните татковци и дедовци која влече корени во подалечното минато.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013