Prijavi problem

Со турнирот во шах почна Спортски викенд „Илинден 2017“

Објавено на: 22.07.2017 - 09:39

Со турнирот во шах што се одржува во Домот на култура „Илинден“, почнаа натпреварите на 9-от Спортски викенд „Илинден 2017“, што под мотото „Ние навиваме за Македонија“ се одржува во рамките на одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“.

Традиционално, првиот потег на таблата број 1 го повлече покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, со што го означи турнирот за отворен.

На денешната програма на Спортски викенд „Илиднен 2017“ покрај турнирот во шах се и натпреварите во атлетика, турнирот во баскет, натпреварот во голем фудбал, како и натпреварот во брзо пиење пиво што се организира во рамките на неофицијалниот дел од манифестацијата.

Отворена е поканата до сите поклоници на спортот, да ги посетат спортските терени во Општина Илинден и да уживаат во натпреварите во повеќе спортови. 

Програма за download

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013