Prijavi problem

Со изложба и театарска претстава стартуваа активностите во новиот Дом на култура „Илинден“

Објавено на: 03.12.2012 - 13:10

 

Ликовна изложба и хумористична претстава беа првите културно-уметнички настани што се случија во новоизградениот Дом на култура „Илинден“, во Општина Илинден.

Активностите во Домот на култура што пред дваесеттина дена беше свечено предаден во употреба, стартуваа со отворањето на изложбата со наслов ,,Божествена љубов’’, на академскиот уметник Новица Трајковски.

На изложбата на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, беа претставени педесетина дела на Трајковски, кој е роден и живее во Општина Илинден, па оттука и најновите теми во неговото творештво се поврзани токму со неговото родно место. Воведен збор за изложбата и творештвото на Трајковски даде познатиот писател Ефтим Клетников.

По отворањето на изложбата во салата за кинопроекци и театарски претстави се одржа хумористична претстава во која настапија Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Емин Унџел и Ѓокица Лукаревски, кои до солзи ги насмеаја присутните. 

Изложба

Изложба во новиот Дом на култура во н. Илинден
Изложба во новиот Дом на култура во н. Илинден

 

Se bese na visoko nivo,mnogu

Se bese na visoko nivo,mnogu poveke od sekoe ocekuvanje,nashiot mentalitet e mogu ,nizok,megutoa so sigurnost ke porasne svesta na meshtanite so uporno rabotenje vo toj pravec, i na sekoj nacin treba da im se vsadi faktot deka sekoj covek ima pravo da se pronaoga i vo umetnicki,kulturen ili nekoj drug aspekt.Jas sum prezadovolna od Domot i sistemacijata vo nego ,sto ke sleduva ,ocigledno.Bravo

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013