Prijavi problem

Шампионската титула на шаховскиот турнир за Зоран Стојчевски

Објавено на: 22.07.2017 - 16:04

Шампионската титула на шаховскиот турнир што во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2017“, а како дел од одбележување на Денот на Општина Илинден, „Илинден 2-ри Август“ се одржа во Домот на култура „Илинден“, му припадна на Зоран Стојчевски. На второто место се пласираше Никола Николовски, третото место му припадна на Дејан Динев, четвртото на Зоран Танчев, а петопласиран беше Емил Крстев.

На турнирот најдобро пласирани шахисти од Општина Илинден беа Мишо Марковски, втор беше Душко Сурловски, а трет Благоја Димитриевиќ, а најдобро пласиран шахист на возраст над 55 години беше Илија Стошевски.

Во име на покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, на најуспешните шахисти на турнирот им беа доделени пригодни награди. 

На шаховскиот турнир, што Општина Илинден традиционално го организира со поддршка на Шаховската федерација на Македонија, а кој од година во година добива не само на квантитет, туку и на квалитет, учествуваа 40 шахисти кои играа на 20 табли. Како што велат луѓето од шаховската федерација, многу одиграни партии на овој турнир, благодарејќи на извонредните потези, долго ќе се паметат.

Велемајсторот Влатко Богдановски вели дека е вистина изненаден од квалитетот што го понуди шаховскиот турнир, за кој годинава имаше огромен интерес од вљубениците во оваа игра од сите возрасти.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013