Prijavi problem

Се креира Буџетот на Општина Илинден за 2012 година во соработка со месните заедници

Објавено на: 23.11.2011 - 10:47

Во рамките на креирањето и планирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2012 година, градоначалникот Жика Стојановски оствари работни средби со членовите на сите 12 месни заедници на подрачјето на Општината.

На средбите, членовите на локалните месни заедници ги посочија приоритетните проекти во нивните населени места, за кои е потребно да се планирааат средства во Буџетот за 2012 година.

 На работните средби директно се дефинираа конкретните проекти за чија реализација се испланирани финансиски средства во Буџетот на Општина Илинден за 2012 година.

 Преку нивно имплементирање ќе се придонесе за рамномерен регионален развој на сите населени места и ќе се овозможат квалитетни услови за живеење на сите граѓани.  

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013