Prijavi problem

Ракометарите на ООУ „Гоце Делчев“ трети во Македонија

Објавено на: 17.05.2017 - 10:18

Ракометарите на ООУ „Гоце Делчев“ го освоија третото место на државниот фајнл-фор турнир што се одржа во Радовиш.

На турнирот што го организираше Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија учествуваа најдобрите четири екипи од државата, ООУ „Гоце Делчев“ од Општина Илинден, ООУ „Кочо Рацин“ од Куманово, ООУ „Јосип Броз Тито“ од Струга и ООУ „Коста Рацин“ од Радовиш.

Во полуфиналниот натпревар ООУ „Гоце Делчев“ со само еден гол разлика загуби од ООУ „Јосип Броз Тито“, а во борбата за третото место убедливо го победи ООУ „Коста Рацин“ со резултат од 23:18.

И на овој турнир екипата на „Гоце Делчев“ прикажа извонреден ракомет потсетувајќи дека не случајно минатата година на ова исто натпреварување го освои второто место, а во 2013 година беше државен шампион.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013