Prijavi problem

Ракометарите на ООУ „Гоце Делчев“ по четврти пат прваци на Скопје

Објавено на: 24.12.2016 - 00:13

Машката ракометна екипа на ООУ „Гоце Делчев“ по четври пат го освои првото место на градското првенство на Скопје, што го организира Сојузот на училишен спорт. Во финалето тие ја победија екипата на ООУ „Круме Кепески“, со резултат 17:9.

Во натпреварите што се одржаа во Општина Кисела Вода, а на кои  учествуваа 16 екипи, ракометарите на ООУ „Гоце Делчев“ ја одбранија титулата од минатата година, со што обезбедија пласман на државното првенство, што ќе се одржи во март идната година.

И на ова првенство екипата на ООУ „Гоце Делчев“ прикажа одличен ракомет, потсетувајќи зошто во 2013 година беше и државен првак. Со право се очекува и годинава да конкурира за највисок пласман на државното првенство.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013