Prijavi problem

Пуштен во употреба Домот на културата во Текија

Објавено на: 20.11.2011 - 20:44

Во населеното место Текија на свечен начин беше пуштен во употреба реконструираниот  и дограден Дом на културата. Пред поголем број граѓани, Домот на културата во употреба го предадоа градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски и претседателот на Советот на Општината, Марјан Милошевски. 

Изградбата на овој дом на култура, со површина од 60 метри квадратни е дел од капиталниот проект на Општина Илинден “10 Домови на културата“, во рамките на кој, покрај изградбата на Домот на Културата во нас. Илинден што е во завршна фаза, опфатена е и реконструкција и санација на сите домови на културата во Општината.

Во рамките на Проектот “10 Домови на културата“ досега се реконструирани и предадени во употреба домовите на културата во населените места Кадино, Мршевци, Бујковци и Бучинци. Градежната оператива моментално работи на санација и обновување на Домот на културата во населеното место Дељадровци, по што следува и реконструкција на домовите на културата во населените места Ајватовци, Бунарџик и Мралино.

Изградбата на Домот на културата во населеното место Текија чинеше  еден милион и сто илјади денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013