Prijavi problem

Првите места на општинскиот противпожарен квиз за учениците од ОУ „Гоце Делчев“

Објавено на: 31.10.2017 - 11:02

Во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ се одржа традиционалниот Противпожарен квиз натпревар  за екипите во пионерска  и младинска конкуренција од Општинските основни училишта „Гоце Делчев“ од нас. Илинден, „Ристо Крле“ од  н.м.Кадино и „Браќа Миладиновци“ од  н.м.Миладиновци. Успешен домаќин на овогодишниот  противпожарен квиз натпревар беше Општинското основното училиште „Браќа Миладиновци“.

Првото место на натпреварот во двете категории го освои  екипата од ООУ „Гоце Делчев“, второто место му припадна на училиштето „Браќа Миладиновци“, а третото на ООУ „Ристо Крле“.

Првопласираните екипи се стекнаа со правото да учествуваат на  регионалниот квиз натпревар што ќе  се одржи во организација на Противпожарниот сојуз на Град Скопје.

Одржувањето на овие противпожарни квиз натпревари имаат едукативен карактер за заштита од пожари кај училишната популација која е една од главните целни групи во активностите на Општинскиот противожарен сојуз „Илинден“. Со стекнатото знаење на овие натпревари се создава квалитетен и поброен подмаладок кој активно учествува во развојот на  доброволното пожарникарството.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013