Prijavi problem

Промовирана првата Монографија за Општина Илинден

Објавено на: 14.11.2011 - 15:24

Во присуство на голем број гости, во хотел Бест Вестерн-Белви на свечен начин беше промовирана првата Монографија за Општина Илинден. Со издавањето на оваа Монографија Општина Илинден го заокружува одбележувањето на јубилејот-15 години од своето постоење и 20 години независност на Република Македонија.

На присутните, меѓу кои беше и Архиепископот Охридски и Македонски, Неговото Блаженство г.г. Стефан им се обрати градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски кој го истакна значењето на ова историско дело за Општина Илинден во кое е опфатен историјатот, целокупниот развој, како и функционирањето на Општината.

Тематски осврт за содржината на Монографијата даде проф. д-р Кирил Цацков, а на присутните им се обрати и авторот на овој вреден документ, што остава траен белег за идните генерации, проф. д-р Ѓорѓи Малковски. Притоа, тој истакна дека оваа Монографија преставува прв сублимиран труд на повеќегодишно истражување на историските достигнувања во повеќе области во Општина Илинден

Програмата беше збогатена со учество на учениците од основните училишта од Општина Илинден кои читаа извадоци од Монографијата. 

Со издавањето на оваа монографија за прв пат се создава студија за населените места кои што ја сочинуваат општината, се прикажува историското, културното, економското и политичкото наследство и минато. Во овој научен труд се опфатени сите поважни историски моменти значајни за територијата на Општина Илинден во период од пред  3000 илјади години па се до денес. Сето ова е збогатено со многу ретки фотографии, како и табеларни прикази.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013