Prijavi problem

Промовирана книгата „Димитар Илиевски-легенда на македонскиот шах“

Објавено на: 22.07.2017 - 12:46

Во присуство на голем број шахисти и вљубеници во оваа игра, во Домот на култура „Илинден“ беше промовирана книгата „Димитар Илиевски-легенда на македонскиот шах“, на авторите Ненад Батковски, Димитар Илиевски и Љубомир Хаџи-Манев.

За значењето на ова дело посветено на легендата на македонскиот шах, Димче Илиевски, зборуваше шаховскиот велемајстор Влатко Богдановски.

На промоцијата збор земаа и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, како и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски кои дадоа поддршка на издавањето на оваа книга.

Во име на авторите на присутните им се обрати Ненад Батковски, како и „главниот виновник“ за ова дело, Димитар Илиевски, кој не ја криеше возбудата што токму пред колегите шахисти учесници на шаховскиот турнир има можност да ја промовираа оваа книга. 

Промоцијата се одржа во рамките на шаховскиот турнир, кој е дел од Спортскиот викенд „Илинден 2017“ што се одржува по повод патрониот празник „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013