Prijavi problem

Проект „Со зеленило против загадувањето“

Објавено на: 16.03.2018 - 12:25

25 локации    -  80 000 м2

Како дел од континуираните активности за заштита на животната средина општина Илинден го реализира проектот „Со зеленило против загадувањето“. Со активностите од проектот за озеленување се опфатени 25 локации на површина  од 80 000 м2.

Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

Се повикуваат сите граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот, општинските комунални претпријатија, општинската администрација активно да се вклучат во реализацијата на овој проект, преку засадување на повеќе листопадни и зимзелени садници да создадеме подобри услови за живеење за нас, но и за идните генерации.

Грижата за животната средина е обврска на секој од нас, па во таа насока  одржувањето на озеленетите површини и садниците е грижа и обврска на секој поединец во локалната заедница.

Во таа насока се очекува во овој еколошки проект посебно да се вклучат компаниите што подлежат на А и Б интегрирана еколошка дозвола, пред се поради исполнување на законските обврски и обврските согласно издадените дозволи и елаборати за животна средина.

Сите заедно да се вклучиме во реализацијата на Проект „Со зеленило против загадувањето“ и да дадеме свој придонес за здрава животна средина.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013