Prijavi problem

Продолжува чистењето на каналската мрежа во Општина Илинден

Објавено на: 07.12.2012 - 09:09

Во координација со Водостопанство „Скопско Поле“, Општина Илинден продолжува со чистење на каналската мрежа на подрачјето на Општината.

Во тек е рачно чистење на главниот oтворен одводен канал Азмак, што минува низ населените места Мралино, Кадино и Марино, чија должина изнесува 4.800 метри. Досега со отстранување на вегетацијата (трска, капини, багреми, дрвја и др.) се исчистени 2.100 метри од овој канал, чие комплетно чистење треба да заврши до крајот на месецот.

Поради рамничарскит терен на кој што се наоѓа Општина Илинден доаѓа до постојано покачување на нивото на подземните води, што предизвикува поплавување, па затоа е неопходно постојано чистење и одржување на каналската мрежа со што се овозможува поголема проточност на водите.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013