Prijavi problem

Пренесено од „Вечер“ – Интервју: Жика Стојановски, градоначалникот на Општина Илинден

Објавено на: 31.10.2017 - 11:03

За Жителите на Илинден нови улици, стадион, детска градинка и гасификација на компаниите

Градоначалникот Жика Стојановски е реизбран по четврти пат на функцијата градоначалник на Илинден. Најавува дека ќе продолжи со несмалена динамика, а ќе се реализираат проекти со кои жителите ќе добијат уште погодности и поубав живот.


Кои проекти во Општина Илинден се во тек и како оди нивната реализација?

 – Во рамките на проектот за изградба на систем за прифаќање, третман и одведување на отпадните фекални води, во населено место Марино во тек е изградба на четвртиот сегмент од фекалната канализација, каде што е изградена пречистителна станица со капацитет од 1.250 е/ж и колекторски канализациски систем во должина од 4.000 метри. Во моментов се работи на приклучување на домаќинствата и стопанските објекти на канализацискиот систем. Досега се изградени 4 сегменти од фе­кал­ната канализација со 4 пречистителни станици на 4 локации, во 3 населени места, кои оп­фа­ќаат 1.400 домаќинства, или една третина од 4.300 домаќинства колку што живеат во оп­ш­тина Илинден, како и канализационен систем во должина од 16.000 метри.Како дел од проектот за подобрување на патната инфраструктура (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локални улици и патишта) во тек е и комплетна санација и реконструкција на повеќе улици што беа опфатени со поставување на фекалната канализација.

На кои проекти во наредните четири години ќе ставите акцент, а ќе го подобрат животот во општината?

 – Подобрување на патната инфраструктура (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локални улици и патишта). Проектот има за цел изградба односно рехабилитација, асфалтирање на локални улици и патишта во должина од 40 километри во сите населени места, како и одржување, реконструкција и санација на постоечката патна инфраструктура која се протега на територија на општина Илинден во должина од 275 километри; подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони; изградба на фекална канализација со пречистителни станици; изградба на детска градинка во Миладиновци, и згрижување на деца од најмалата група – воведување на јасли во детската градинка “Гоце Делчев”; реконструкција и подобрување на училишта, обезбедување на просторни услови за одвивање на квалитетна настава, со воведување на целодневна настава; реконструкција и доградба на амбулантата во населба Илинден и воведување на дежурства; чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали; изградба и подобрување на систем за зафаќање и одведување на атмосферски води; изградба и подобрување на систем за зафаќање и одведување на атмосферски води; модернизирање и проширување на водоводниот систем; изградба на стадион со трибини во н. Илинден; изградба и поставување на спортски реквизити и скејт парк покрај пешачко-велосипедската патека Марино-Кадино; изградба на пешачки патеки во вкупна должина од 10 километри; урбанистичко планирање во функција на ЛЕР;воспоставување на гасификацски систем, воведување на гасификација на стопанските објекти; изградба на патна и комунална инфраструктура во новата населба Јака.

Како градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ очекувате ли сега да биде потешко да се туркаат проектите бидејќи централната власт е СДСМ?

 – Општина Илинден има капацитет и знаење за реализирање на капиталните проекти дефинирани од страна на граѓаните на општината. За таа цел ќе ги искористиме сите можности за обезбедување на финансиска поддршка од домашните и меѓународните финансиски институции, како и средства од сопствените извори на финасирање, за реализација на проектите зацртани во Стратешкиот план за интегриран развој на Општина Илинден. Верувам дека секоја централна власт сака да обезбеди квалитетен живот и подобар животен стандард на сите свои граѓани и убеден сум дека планираните приоритетни проекти од Програмата 2017-2021 година ќе бидат реализирани во целост.

Како општина во која инвестираат голем број домашни и странски компании, има ли најава за влез на некоја инвестиција?

 – Да, општина Илинден останува инвестициски атрактивна дестинација за инвеститорите. Континуиран е интересот за вложување и изградба на нови стопански објекти како и проширување на постоечките капацитети и отворање на нови слободни работни места. Предизборниот период за нас претставуваше акумулација за нов инвестициски циклус кој ќе следува во општина Илинден.

 

Извор: ВЕЧЕР

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013