Prijavi problem

Предновогодишна приредба за учениците што ги посетуваат бесплатните курсеви во рамките на КЕЦ „Илинден“

Објавено на: 22.12.2018 - 15:34

 

Во Домот на култура „Илинден“ се одржа предновогодишна приредба за учениците што ги посетуваат бесплатните курсеви во рамките на Културно едукативниот центар „Илинден“, кои што Општина Илинден ги организира веќе 13 години. Со звуците на омилената музика во предновогодишен амбиент, со маскенбал со новогодишни мотиви и неизбежните новогодишни пакетчиња, учениците ја испратија страта 2018 година, посакувајќи си убави желби во новата 2019 година.

Во учебната 2018-2019 година учениците од трите основни училишта од Општината имаат можност да посетуваат бесплатни курсеви по странски јазици (англиски, германски, италијански, шпански) и други дисциплини како сликарство, фотографија, актерска игра/драма, боречки вештини (кунг фу) и модерен балет.

Бесплатните курсеви во рамките на КЕЦ „Илинден“ имаат за цел да го подигнат квалитетот на образовниот процес и да придонесат младата популација да се здобие со нови образовни и културни вредности.

Во изминатите 12 години доделени се над 6.000 допломи за посетени бесплатни курсеви на кои учениците од Општина Илинден на возраст од 8 до 16 години се стекнаа со нови знаења.

Согласно своите стратешки определби во насока на унапредување на образованието, како една од најзначајните области за развој, Општина Илинден континуирано инвестира во унапредувањето на квалитетот на образовниот процес во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ и во трите општински основни училишта.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013