Prijavi problem

Предадено во употреба новото помошно фудбалско игралиште во Кадино

Објавено на: 31.05.2011 - 09:07

Bо населеното место Кадино, во Општина Илинден, на свечен начин беше предадено во употреба новото помошно фудбалско игралиште. Во присуство на поголем број граѓани игралиштето го предадоа во употреба градоначалникот Жика Стојановски, кандидатот за пратеник Владимир Ѓорчев, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов.

Ова е второ помошно фудбалско игралиште во Општина Илинден, по она во населеното место Марино, изградено во соработка со Агенцијата за млади и спорт, како дел од Проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 50 фудбалски игралишта ширум земјата.

Игралиштето е со стандардни професионални димензии 120 на 80 метри, со модерна опрема, монтажни трибини, како и соблекувални со туш кабини.

Во рамките на активностите за уредување на просторот околу ова фудбалско игралиште, Општина Илинден изгради комплетно нов паркинг за патнички возила, наменет за спортистите и посетителите на овој спортски објект.

Асфалтираниот паркинг е со површина од 2.360 метри квадратни и на него можат да се паркираат повеќе од 50 патнички возила

 
 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013