Prijavi problem

Предадено во употреба новото Модуларно училиште во Општина Илинден

Објавено на: 27.06.2012 - 19:16

Во присуство на голем број граѓани, во Општина Илинден на свечен начин беше предадено во употреба новото Модуларно училиште. 

На пригодната свеченост по тој повод, на која присуствуваа пратеници во Собранието на Република Македонија, градоначалници, членови на Советот на Општина Илинден и претставници на бизнис секторот, училиштето го предадоа во употреба министерот за образование и наука Панче Кралев, амбасадорот на Република Словенија, Ален Брајан Бергант и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Модуларното училиште е лоцирано до детската градинка во населба Илинден, односно до новоизградените тениски игралишта и спортската сала “Гоце Делчев“, локација која што е комплетно инфраструктурно поврзана.

Училиштето е со оптимален капацитет од 420 ученици во една смена, има површина од 2.300 метри квадратни, 14 училници, 8 кабинети, кабинет за наставници, кујна со трпезарија, училишени двор со површина од 6.500 метри квадратни, компјутер за секое дете, училиште со обезбеден слободен пристап на безжичен интернет. 

Станува збор за еколошки и високо енергетски ефикасен објект, каде што енергетската ефикасност се реализира преку инсталирање централен систем за греење и ладење со геотермални топлински пумпи, со користење на обновливи извори на енергија.

Изградбата на училиштето што траеше осум месеци, чини 1,5 милиони евра, од кои еден милион се обезбедени од Буџетот на Општината преку задолжување, а 500 илјади евра се грант од словенечката влада, како дел од реализираната билатерална соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија. 

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013