Prijavi problem

Предадена во употреба реконструираната улица во близина на детската градинка “Гоце Делчев“

Објавено на: 06.06.2011 - 08:07

Bо Општина Илинден на свечен начин беше предадена во употреба реконструираната улица “534“, што се наоѓа во непосредна близина на Општинската детска градинка “Гоце Делчев“.

Улицата ја предаде во употреба градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и претседателот на Советот, Марјан Милошевски. 

Новоизградената улица е со должина од околу 400 метри и широчина од 4,5 метри, а средствата за овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општината. 

Согласно Програмата за санација и реконструкција на патната инфраструктура, Општина Илинден продолжува со надградба, тампонирање и асфалтирање на локалните патишта и улици. Со асфалтирањето на улицата “534“ во голема мерка се олеснува движењето на возилата и на пешаците, се овозможува подобра и побезбедна комуникација, како и подобар изглед на Општината.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013