Prijavi problem

Предаден во употреба нов деловен објект на “Униор комерц“

Објавено на: 29.06.2011 - 11:31

Во присуство на голем број деловни партнери и гости, во Општина Илинден на свечен начин беше предаден во употреба новиот деловен објект на “Униор комерц“. Станува збор за деловен објект со три нивоа, со површина од околу 1.300 метри квадратни, во кој се наоѓа продажен салон на површина од 380 метри квадратни, магацински простор од околу 400 метри квадратни, како и административен дел и сала за состаноци. Вкупната инвестиција е 1,5 милиони евра, а во новите простории се вработени 14 лица.

“Униор комерц“ е македонски застапник на словенечки “Униор“, еден од најголемите европски производители на рачни алати, познат и како најстар европски производител на клешти. Производите на “Униор“ произведени од висококвалитетен челик со врвен квалитет, на оваа компанија и носат светска препознатливост.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013