Prijavi problem

Предаден во употреба Домот на културата во населеното место Кадино

Објавено на: 02.06.2011 - 07:44

Пред поголем број граѓани во населеното место Кадино, на свечен начин беше предаден во употреба реконструираниот Дом на културата. Домот го предадоа во употреба градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и кандидатот за пратеник Владимир Ѓорчев.

Санацијата, реконструкцијата и обновувањето  на овој дом со површина од 320 метри квадратни, што чинеше 5 милиони денари, е дел од капиталниот проект на Општина Илинден, “10 Домови на културата“, со кој покрај изградбата на новиот Дом на културата во населеното место Илинден е опфатено и реконструирањето, санирањето и опремувањето на девет домови на културата во другите населени места.

Вкупната вредност на капиталниот проект “10 Домови на културата“ изнесува 45 милиони денари.

Старата зграда на Домот на културата во Кадино е изградена во далечната 1939 година и низ времето се користела за повеќе намени, како за  месна заедница, училиште, амбуланта, аптека и дуго. Но, нередовното одржување и грижа за објектот придонесоа истиот  да биде во лоша, руинирана и неупотреблива состојба.

Со реконструкцијата и предавањето во употреба на Домот на културата во Кадино граѓаните на ова населено место добиваат простории каде што ќе можат да реализираат голем број на активности, меѓусебно да се дружат, да организираат разни средби и состаноци. Домот на културата ќе можат да го користат месните заедници, здруженијата на пензионери, здруженијата ма жени, на младинци, спортските друштва...  

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013