Prijavi problem

Предаден во употреба Домот на културата во населеното место Бучинци

Објавено на: 02.06.2011 - 10:08

Пред поголем број граѓани во населеното место Бучинци на свечен начин беше предаден во употреба реконструираниот Дом на културата. Санираниот и обновен Дом на културата во употреба го предадоа градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и кандидатот за пратеник Владимир Ѓорчев.

Санацијата и реконструкцијата на овој дом, со површина од 100 метри квадратни, што чинеше 2 милиона денари, е дел од капиталниот проект на Општина Илинден, “10 Домови на културата“. Со овој проект, покрај изградбата на новиот Дом на културата во населеното место Илинден е опфатено и реконструирањето, санирањето и опремувањето на девет домови на културата во другите населени места.

Вкупната вредност на капиталниот проект “10 Домови на културата“ изнесува 45 милиони денари.

Домот на културата во Бучинци  беше во многу лоша, руинирана и неупотреблива состојба. Со реконструкцијата и предавањето во употреба на овој дом жителите на Бучинци добија простории каде што ќе можат меѓусебно да се дружат, да организираат разни манифестации, средби и состаноци. Домот на културата ќе можат да го користат месните заедници, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортските друштва, односно сите граѓани што ќе имаат потреба за тоа.

 
 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013