




Предаден во употреба Домот на култура во н.м. Дељадровци
Објавено на: 03.01.2012 - 10:14
Bо населеното место Дељадровци на свечен начин беше предаден во употреба реконструираниот Дом на култура. Пред поголем број граѓани Домот на културата во употреба го пуштија градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски и претседателот на Советот на Општината, Марјан Милошевски. Реконструкцијата и обновувањето на овој дом на култура, со површина од 200 метри квадратни е дел од капиталниот проект на Општина Илинден “10 Домови на културата“, во рамките на кој, покрај изградбата на Домот на културата во нас. Илинден, досега се реконструирани и предадени во употреба домовите на културата во населените места Кадино, Мршевци, Бујковци, Бучинци и Текија. Обновувањето на Домот на културата во населеното место Дељадровци чинеше еден милион и двеста илјади денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Илинден. ![]() ![]() |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманиетоНастаниИзвестувањаГалерииВидео
ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
|
Остави коментар