Prijavi problem

Потпишан меморандум за соработка меѓу Факултетот за електротехника и информациски технологии и Средното училиште „Илинден“

Објавено на: 25.04.2017 - 12:28

Општина Илинден и средното општинско стручно училиште (СОСУ) „Илинден“ потпишаа меморандум за соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) со кој со заеднички активности ќе се поттикнува создавањето на квалитетен кадар.

Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски и директорот на СОСУ „Илинден“, Зоранче Арсовски. 

Со потпишување на меморандумот се очекува зголемување на квалитетниот кадар во Македонија и поттик за негова надградба преку размена на искуства на наставниот кадар, смислување заеднички проекти и меѓународни натпревари, но и задржување на младите во државата преку идеи и поддршка за создавање сопствен бизнис.

– Задржувањето на младите во Македонија треба да почне уште веднаш. Ние како општина имаме меморандуми со неколку компании кои треба да влезат во производство, и затоа сметам дека ова е одлична  можност и за компаниите да ги поддржат квалитетните кадри уште како ученици во средното образование,  па понатаму преку Факултетот да се затвори кругот на нивното образование, кога компаниите би ги преземале како свои вработени. Фирмите би можеле да ги следат младите уште додека учат средно образование, да им овозможат обуки или, стипендии додека се на факултет, за на крај да имаат веќе готов квалитетен кадар, изјави градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Според деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски, овој меморандум е една почетна точка и за училиштето, и за факултетот.

-Во неколку насоки сакаме да ги подобриме условите за работа и на учениците, и на студентите, преку заеднички проекти, литература, опрема, организирање семинари, натпревари и обуки, и  не само за нив, туку и за професорите и наставниците. Нашата идеја е да создадеме што поповолни услови и да ги охрабриме младите да почнат сопствен бизнис, бидејќи тие се полни со квалитетни идеи, изјави деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013