




Поставување на штедливи светилки за улично осветлување
Објавено на: 21.10.2009 - 07:54
Општина Илинден отпочна со реализација на проектот за Енергетска ефикасност, односно примена на принципот за користење на алтерантивни извори за заштеда на енергијата. Во таа насока се отпочна со промена на живините обични улични светилки со поставување на нови штедливи флуоресцентни улични светилки. Со поставување на овие светилки се допринесува до заштедување на 40% од потрошувачката на енергија во однос на обичните светилки. Со поставувањето на овие светилки на влезот на општината, како и пред јавните општински установи (Спортска сала, општинска зграда, детска градинка и основни училишта) се отпочна со реализација на овој приоритетен проект за Општина Илинден. Во наредниот период ќе се продолжи со акцијата за промена на сите 1300 обични живини улични светилки на целата територија на Општина Илинден. Средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден. Промената на уличните светилки значително ќе ја подобри осветленоста на локалните патишта и јавни објекти во општината како и ќе се допринесе во заштеда на финансиски средства во Буџетот на Општината, средства кои ќе се наменат односно инвестирани други инфраструктирни проективо делот на заштеда и примена на алтернативни обновливи извори енергија во општината. |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманието
НастаниИзвестувања
ГалерииВидео
Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
|
Остави коментар