Prijavi problem

Поставен камен темелник на нов станбено-деловен комплекс во Општина Илинден

Објавено на: 13.09.2017 - 11:25

 

Во Општина Илинден, почна да се гради нов станбено-деловен комплекс, во рамките на кој ќе бидат изградени три станбени згради и трговски центар. На поставувањето и осветувањето на камен темелникот присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Спород најавите на инвеститорот, фирмата „Унија клуб“,  вкупната инвестиција за станбено-деловниот комплекс во населба Илинден изнесува 7,5 милиони евра. Во рамките на комплексот ќе бидат изградени 3 станбени згради со приземје, 5 ката и поткровје, со 170 станови со површина од 45 до 155 метри квадратни, како и трговски центар на три нивоа, со површина од 1900 метри клвадратни.

По­­сле­д­ни­ве години Општина Или­н­­ден, покрај тоа што стана ус­пеш­­на инвеститорска де­стинација е и посакува­но и убаво место за живеење. Како резултат на квалитетното про­с­­торно планирање и инвестиции­те во ин­фра­стру­кту­рата, об­ра­зова­ни­­е­то, дет­ската за­ш­­ти­та, услужните деј­­но­с­­ти (ба­н­ки, по­шти, супермарке­ти), континуирано се зголемува бројот на жители на Општина Илинден.

Со цел да им се излезе во пре­срет на барањата на своите гра­ѓа­­ни, но и на потенцијалните до­маш­ни и странски ин­вес­ти­тори, а согласно Стра­те­ги­ја­та за Ло­ка­лен економски развој, Општина Илинден е на­сочена кон ур­ба­ни­зирање на про­с­торот и создавање на услови за ин­ди­видуално и колек­ти­в­но до­му­­вање.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013