Prijavi problem

ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ И ПАРКИНГ ПРОСТОР ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА

Објавено на: 01.10.2009 - 09:28

 

 Со поставување на камен темелникот, отпочнаа градежните активности за изградба на јавни тоалети и паркинг простор за тешки товари возила во општина Илинден.

Во присуство на голем број на посетители и граѓани во населеното место Илинден поставувањето на камен темелникот го изврши Градоначалникот на Општина Илинден г-дин. Жика Стојановски.

Со градежните работи е предвидено на влезот на Стопанскиот комплекс Илинден веднаш до автопатот Скопје–Куманово-Белград односно коридорот 10  на површина од 500 м2 ќе се изградат јавни тоаленти и паркинг простор.

Овој простор ќе биде наменет за сите лица кои транзитираат низ општината односно пред се за лицата кои се движат со тешки товарни возила, да имаат простор и место каде ќе можат да застанат да се одморат и освежат и да го продолжат со своjoт пат.

Воедно паркинг просторот ќе се искористи и за граѓаните од општина Илинден кои досега немаа место за паркирање на своите тешки товарни возила, со што најчесто ги оставаа на јавни површини и простори во општината, со што допринесуваа до намалување на безбедноста како во сообраќајот така и на безбедноста на движењето на пешаците,како и воедно ќе се намали оштетувањето на локалната патна мрежа во општината.

Вкупната вредност на проектот изнесува 2.200.000,00 денари, од кои Министерството за Транспорт и Врски обезбеди 1.200.000,00 денари, додека остатокот е обезбеден од Буџетот на општина Илинден.

 

 

bravo bavo samo taka treba da

bravo bavo samo taka treba da se dvizime napred so mn rabota i proekti koi samo na delo ke se gledaat za da mozeme da odime slobodno i da 4ekorime vo poubava opctina kako sto e nasava samo napred

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013