Prijavi problem

Показна вежба “Да ги заштитиме шумите од пожари“

Објавено на: 13.07.2011 - 07:31

Во организација на Општинскиот противпожарен сојуз “Илинден“, на просторот пред Домот на културата во н.м. Мршевци се одржа обука–показна вежба под мотото “Да ги заштитиме шумите од пожари“.

На показната вежба која што се состоеше од теоретски и практичен дел, учествуваа поголем број доброволни пожарникари, членови на Доброволните противпожарни друшта Ајватовци, Мршевци и Илинден, како и членови на Доброволните противпожарни единици од Дељадровци и Бујковци.

Обуката се одржа со цел да се поттикнат и да се преземат превентивни мерки и активности за заштита на шумите од пожари во летниот период. Посебно беше нагласено да не се пали отворен оган во шумите, да не се палат стрништа, да не се палат пасишта и голини, а особено да се внимава на догорчињата и отпушоците. 

За практичниот дел од вежбата се користеа новите противпожарни апарати (мешини со вода) и челични метли за гаснење пожар, набавени со средства обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013