Prijavi problem

Покана за учество на Манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“

Објавено на: 20.03.2019 - 12:10

 

На 25-ти април (четврток) 2019 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот Општина Илинден ја организира 13-та по ред традиционална Манифестација ,,Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”. Оваa оригинална  и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува културата, уметноста и традицијата ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден.

Во чест на Двеилјадиидеветнаесеттото лето Господово, симболично ќе бидат украсени 2019 Велигденски јајца. Секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие црвено Велигденско јајце.

Во манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение” што се одржува секоја година на Велик четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, во изминатите дванаесет години обезбедени се вкупно 33.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден, Општинската библиотека во домот на култура „Марино“ и библиотеките во основните училишта.

За таа цел со особена чест и задоволство Ве покануваме да земете активно учество на манифестацијата и со донирање на книги по ваш избор, заедно да придонесеме за збогатување на библиоточниот фонд.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013