Prijavi problem

Подобрување на јавното осветлување во општина Илинден

Објавено на: 04.04.2018 - 08:54

  

Општина Илинден во рамките на проектот Подобрување и модернизација на јавното осветлување, продолжува со активностите за проширување и реконструкција на мрежата за јавно осветлување  во сите населени места. Во таа насока, изградена е нова линија за осветлување во должина од 600 метри на влезот во н.м. Миладиновци, односно на делови од улиците „2“ и „7“, при што се поставени 10 канделабри со штедливи светилки. Нова линија во должина од 250 метри е изградена и во н.м. Марино, на улица „509“ при што се поставени 5 нови светилки.

Паралелно со овие активности, во рамките на Програмата за одржување и изградба на јавно осветлување, покрај инсталирањето на нови линии за улично осветлување се врши и докомплетирање на постојните линии, и се вршат интервенции за отстранување на оштетените сијалични места при што се вградуваат нови. Од почетокот на годината досега се заменети 140 стари со нови штедливи светилки.

Истовремено, извршено е комплетно осветлување на делот од автопатот Скопје-Куманово што минува низ општина Илинден, од клучката од меѓународниот автопат А2, на влезот на населба Илинден и локалната економска зона „Стопански комплекс-Илинден“  до почетокот на ТИРЗ во Бунарџик. 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013