Prijavi problem

Поддршка од УСАИД за капиталниот проект “10 Домови на културата“

Објавено на: 05.07.2011 - 09:37

Во соработка со УСАИД, Општина Илинден почна со опремување на реконструираните домови на културата во рамките на реализацијата на капиталниот проект “10 Домови на културата“. Досега комплетно се реконструирани и предадени во употреба домовите на културата во Кадино, Мршевци и Бучинци, при крај е реконструкцијата на домовите на културата во Бујковци и Текија, а наскоро ќе почне санацијата и реконструкцијата и на домовите на културата во Ајватовци, Бунарџик, Дељадровци и Мралино. Истовремено, во тек е и изградбата на новиот дом на културата во нас. Илинден.

Паралелно со изградбата на домовите на културата, Општина Илинден презеде обврска и за нивно комплетно опремување, со што граѓаните добиваат простории каде што имаат услови да реализираат голем број на активности, меѓусебно да се дружат, да организираат разни средби и состаноци.

За таа цел во соработка со УСАИД обезбедени се работни бироа со фиоки, маси за состаноци, телефонски апарати, клима уреди, столчиња, печатари, скенери, АДСЛ за интернет, ламби за осветлување и друго. На овој начин се обезбедува соодветен простор за функционирање на културните домови.

 Истовремено, Општината презема обврска и за подмирување на тековните трошоци на сите домови на културата.

 
 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013