Prijavi problem

Почна рехабилитацијата на локалниот пат н.м. Кадино-клучка Автопат А-4

Објавено на: 11.11.2017 - 13:52

 

Како дел од Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, општина Илинден почна со рехабилитација на дел од локалниот пат н.м. Кадино-клучка Автопат А-4.

Со рехабилитацијата на патот, покрај поставувањето на нов асфалт  ќе бидат зафатени и атмосферските води од коловозот, кои беа причина за оштетување на асфалтот.

Во тек се подготвителни работи во рамките на кои се врши расчистување на теренот и формирање на нови канали за одведување на атмосферските води, како и изградба на цевкасти бетонски пропусти.

Со рехабилитацијата на овој фрекфентен патен правец значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот во овој дел од Општината, и ќе се овозможи побрза и побезбедна комуникација. Зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот е еден од приоритетите во работењето на општина Илинден, поради што континуирано се инвестира во изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, како и во изградба и реконструкција на  пешачки и велосипедски патеки.

Со инвестирањето во локалната патна инфраструктура се дава голем придонес во рамномерниот развој и подобрувањето на квалитетот на живеење во сите 12 населени места. 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013