




Плакета за општина Илинден од Меѓународната поетска манифестација во Решетари, Хрватска
Објавено на: 30.01.2018 - 11:53
Книжевното ликовно друштво „Решетари“, од општина Решетари, Република Хрватска и додели посебна плакета на општина Илинден за придонес во реализацијата на Меѓународната поетска манифестација во Решетари. Плакетата на градоначалниот на општина Илинден, Жика Стојановски, му ја врачија почесниот председател на Заедницата на Хрватите во Република Македонија, Иван Шишак и поетесата Љерка Тот Наумова, кои ја искористија можноста да ги пренесат топлите поздрави и честитки од пријателите од општина Решетари, со желби за продолжување на успешната соработка и во иднина. Меѓународната поетска манифестација во Решетари што се реализира под покровителство на претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, годинава се одржа по 20. Јубилеен пат, а на неа учествуваа и поети од Македонија. По потпишувањето на Спогодбата за меѓусебна соработка и пријателство во 2012 година, општина Илинден и општина Решетери остварија успешна соработка во повеќе области. Плод на таа соработка е и учеството на македонски поети на Меѓународната поетска манифестација во Решетари, како и учество на поети од Хрватска на Литературната манифестација „Илинден“. Со Спогодбата меѓу двете општини е предвидено преку заеднички проекти во областа на културата, туризмот, стопанството, знаменитостите, образованието и спортот да се унапредува стопанството и социјалниот развој во двете општини. Трајната соработка се остварува преку среднорочни и долгорочни програми, односно преку конкретни заеднички проекти.
|
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманиетоНастаниИзвестувањаГалерииВидео
ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
|
Остави коментар