Prijavi problem

Патната и комуналната инфраструктура-приоритет на граѓаните на Општина Илинден

Објавено на: 07.12.2018 - 16:32

Патната и комуналната инфраструктура се главен приоритет за граѓаните на Општина Илинден. Ова произлезе од Буџетскиот форум што се одржа во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ каде што граѓаните со своето партиципативно учество дадоа свој придонес во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година.

 Најголем дел од предложените предлог проекти од страна на граѓаните – 23 се однесуваат на изградба, санација, реконструкција и рехабилитација на локалните улици и патишта и пешачки патеки, особено на сообраќајниците кои што се влез и излез од Општина Илинден и истовремено најфрекфентни во Општината.

Како втор по приоритет проблем што го посочија граѓаните е изградба на фекална канализација за што беа предложени 17 предлог проекти.

Веднаш по фекалната канализација следуваат предлог-проекти од областа на заштитата на животната средина, безбедноста во сообраќајот, образованието, локалниот економски развој, јавната чистота и јавно осветлување, урбанизмот, културата и спортот и детската заштита.  

Општина Илинден ги организира буџетските форуми, со цел граѓаните преку свои идеи, предлози, мислења и проекти ги посочат приоритетите во локалната заедница,  како и со своето партиципативно учество да придонесат во креирањето на Буџетот за наредната година.

Организирањето на ваквите буџетски форуми во последните години, даваат резултати, што се гледа од фактот дека токму дефинираните приоритети од страна на граѓаните се и приоритети за работа на Општината. Со утврдувањето на приоритетите, граѓаните даваат голем придонес за локалниот економски  развој и подобрување на условите за живеење. Граѓанското учество е неопходно во креирањето на буџетот зошто целта е со подобра распределба на средствата да се постигне поголем ефект, а граѓаните во нивните населени места најдобро знаат кои им се приоритетите.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013