Prijavi problem

Општина Илинден успешно ја реализираше хуманитарната манифестација Тортијада „Слатка мистерија 2018“

Објавено на: 17.02.2018 - 21:23

Општина Илинден во соработка со Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА во домот на култура „Илинден“ успешно ја реализираше хуманитарната манифестација Тортијада „Слатка мистерија 2018“. Според зборовите на претставниците на Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА, оваа 12-та по ред манифестација која секоја година се одржува во една од општините од скопскиот регион, е досега најуспешнa по висината на собраните средства кои се наменети за лицата со посебни потреби, членови на здружението „Илинден“.

Во своето обраќање пред присутните градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, изрази голема благодарност до сите учесници во оваа хуманитарна манифестација, до претставниците на Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА, до граѓаните и професионалците кои учествуваа во изработката на над 40 торти, до претставниците на општините, како и претставниците на бизнис заедницата кои несебично ја помогнаа манифестацијата.

Притоа, градоначалникот Стојановски организацијата на манифестацијата за следната година им ја предаде на претставниците на општина Чаир.

На манифестацијата која што беше организирана во два дела, ревијален и официјален дел, учествуваа слаткарници и ресторани кои професионално изработуваат торти, но и граѓани во категоријата аматери. Ревијалниот дел на кој беа изложени сите торти за кои можеа да гласаат присутните беше исполнет со богата културно-уметничка програма подготвена од учениците од основните општински училишта, од учениците од Средното општинско стручно училиште „Илинден“, децата од градинката „Гоце Делчев“, како и членовите на „Академија рекреатива“.

Во официјалниот дел, збогатен со настапот на Пламенка Трајковска секстет, беа претставени сите учесници, како и членовите на стручната жири комисија, се лицитираше за тортите и беа прогласени победниците.

Во категоријата аматери првото место го освои Виолета Прцуловска, второто Катерина Блажевиќ, а третото Сузана Ѓоргиевска, додека во категоријата професионалци за најдобра беше прогласена тортата на ООУ „Браќа Миладиновци“, второто место го освои ООУ „Гоце Делчев“, а третото слаткарницата „Делиција“.

ГАЛЕРИЈА кликај тука

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013