Prijavi problem

Општина Илинден обезбеди меѓународно признаен кредитен рејтинг

Објавено на: 27.06.2011 - 08:01

На Општина Илинден и официјално и е доделен меѓународно признаен кредитен рејтинг. Во рамките на Проектот на УСАИД, во соработка со Македонскиот Центар за финансиска обука (МЦФО) кредитниот рејтинг е изготвен од реномираната меѓународна кредитна агенција Moodi,s Investor Services.

Покрај Општина Илинден, само уште шест општини во Република Македонија се стекнаа со  меѓународно признаен кредитен рејтинг. 

Добивањето на кредитниот рејтинг е големо признание за успешната работа на Општина Илинден во изминатиот период. Тоа, меѓу другото значи признание за доброто раководење со буџетот, како и целокупното финансиско работење. 

Општина Илинден е препознатлива по својата парола “Да ги искористиме силните страни на Општина Илинден“. Една од тие силни страни, по добиениот сертификат ИСО 9001:2008 за имплементација на Системот за менаџмент на квалитет, како и добиеното престижно признание за Проектот “Локален економски развој на Општина Илинден“, како дел од проектот финансиран од страна на Европската Унија “Општински награди-2008“, сигурно е и сега обезбедениот меѓународен кредитен рејтинг.

Со обезбедувањето на кредитниот рејтинг Општината се стекнува со многу придобивки. Најнапред со можноста за излегување на пазарот на капитал, а со тоа и со можноста за издавање на првите општински обврзници. Општината ќе може многу полесно да се задолжува пред домашните и странски финансиски институции и банки, се разбира доколку има потреба за тоа, во реализацијата на капиталните инфраструктурни проекти што се од витален интерес на граѓаните.

Сето ова оди во прилог на цврстите определби на Општина Илинден насочени кон зајакнување на финансиската независност, промовирањето на Општината на домашниот и на меѓународниот пазар на капитал, јакнење на конкуренцијата и зголемување на општествената корист.

Меѓу придобивките од обезбедувањето на меѓународно признатиот кредитен рејтинг на Општина Илинден секако е и податокот што со овој успех значително се зголемува довербата на граѓаните во Општината што е можеби клучно за успешното функционирање на секоја локална самоуправа.

Од друга страна, пак, целиот овој проект за доделување на меѓународно признаен кредитен рејтинг, има за цел да им помогне на општините во Македонија преку поддршка за развојот на системот за финансирање на општините, подобрување на општинските капацитети за финансиски менаџмент и зајакнување на кредитоспособноста на општините, за да се овозможат инвестиции во општинската инфраструктура. Меѓу целите се и подобрувањето на наплатата на даноци и такси на локално ниво, помош за општините преку стимулирање на локалниот економски развој, но и зголемување на транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа.

Со овој проект за локална самоуправа уште еднаш е потврдена одлична досегашна соработка меѓу УСАИД и Општина Илинден, која што ќе продолжи и понатаму во развојот на стратегиите за финансирање на долгорочните капитални потреби на Општината, а со цел подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните.

Истовремено, покрај изготвувањето на кредитниот рејтинг, со потпишаниот Меморандум за соработка со УСАИД се обезбедуваат обуки, техничка помош, како и поддршка во преземањето на широк спектар на задачи и обврски, како и услуги поврзани со планирањето, капиталното буџетирање и кредитирање на општините.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013