Prijavi problem

Општина Илинден ќе биде домаќин на Тортијада „Слатка мистерија 2018“

Објавено на: 13.02.2017 - 14:22

Општина Илинден ќе биде домаќин и покровител на традиционалната Тортијада „Слатка мистерија 2018“, што ќе се одржи идната година во соработка со Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА.

Покровителството на оваа прекрасна манифестација Општина Илинден го презема од Општина Гази Баба која што беше домаќин на 11-та Тортијада што се одржа во хотел „Континентал“, на која учествуваа слаткарници и ресторани кои професионално изработуваат торти, но и граѓани во категоријата аматери.

На симболичен начин организацијата на манифестацијата за идната година градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски му ја предаде на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, кој по тој повод ги почести сите присутни гости со торта со грбот на Општината.

За најдобра торта во категоријата аматери беше избрана тортата која како мотив ја имаше Витлеемската пештера на Тања Ристовска, од Општина Илинден, а во категотијата професионалци за најдобра торта беше прогласена тортата на слаткарницата „Шехерезада“.

Манифестацијата беше организирана во два дела, ревијален и официјален дел. Во официјалниот дел од манифестацијата беа претставени сите учесници, при што се лицитираше за тортите, а собраните средства од лицитацијата ќе се донираат на Центарот за деца со посебни потреби во населба Железара.

Во музичкиот дел од манифестацијата настапија Трио Џентлмени, Антониа Гиговска, Лајв Бенд и Даниела Темелковска.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013