




Општина Илинден беше домаќин на Државното првенство на основните училишта во футсал-женски
Објавено на: 26.02.2018 - 12:29
Општина Илинден беше домаќин на Државното првенство на основните училишта во футсал-женски, што под покровителство на градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски се одржа во спортската сала „Гоце Делчев“. Најдобра меѓу четирите екипи што учествуваа на овој завршен турнир на државното првенство беше екипата на ООУ „Бајрам Шабани“ од Куманово, второто место го освои екипата на ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, а третото место му припадна на екипата на ООУ „Ристо Крле“ од општина Илинден. Четвртото место и наградата за фер плеј ја освои екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“, исто така од општина Илинден. Завршниот турнир на државното првенство на основните училишта во футсал-женски на Република Македонија се реализираше во организација на општина Илинден, Федерацијата на училишен спорт на Македонија и училишниот спортски клуб БРАМИЛ-Миладиновци. На најуспешните екипи им беа доделени пехари, медали и дипломи. |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманиетоНастаниИзвестувања
ГалерииВидео
Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
|
Остави коментар