ОДРЖАНА 10-та ЈУБИЛЕЈНА МЕЃУНАРОДНА ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА ИЛИНДЕН – 2009

Општина Илинден по јубилеен десети пат годинава ги организираше Меѓународните Литературни средби “Илинден – 2009” кои се одржуваа од 14 до 16 мај 2009 година.

Во рамки на Манифестацијата се одржа поетски митинг со настап над 50-тина домашни и странски поети од Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Албанија, се со цел да се запознае пошироката културна јавност со творештвото и постигнувањата на современата поезија.

Поетската литературна манифестација беше збогатена со Литературно матине за деца кое се одржи во Спортската сала "Гоце Делчев" во Општина Илинден, каде беа наградени творбите на учениците од трите основни училишта во Општина Илуинден “Гоце Делчев”, “Ристо Крле” и “Браќа Миладиновци”.

Со Програмата опфатени беа следниве настани: поетско творештво на Анте Поповски како и рецитирани стихови од “Семејна трпеза” од Анте Поповски, одржан Симпозиум на тема “Песната во проза во македонската книжевност”, Изложба на ликовни гравури, Промоцијана новопојавените книги: “Исповед” од Ева Зоненберг, добитник на наградата ИЛИНДЕН за 2008 година, и на романите на Христо Крстевски и Томислав Маријан Билосниќ, објавени во Хрватска и Македонија како и Антологијата на македонската поезија дваесети век од Ристо Ѓ Јачев. Манифестацијата беше збогатена и со музички настап на познатите естрадни уметници.         

Главната награда за најдобра прочитана песна на поетскиот митингот и на Меѓународната Литературна Манифестација беше доделена на г-дин.Трајан Петревски.

Доделени се Повелби за особен придонес во афирмација на манифестацијата  на домашениот поет Петко Дабески и на поет од странство на Катја Ерменкова од Република Бугарија.

Воедно Градоначалникот на Општина Илинден на г-дин. Жика Стојановски додели Уметнички Столб изработен од Културно Едукативниот Центар Илинден на г-дин. Ристо Ѓ. Јачев за неговото залагање во организирање на литературната манифестација “ИЛИНДЕН”.

Под мотото “Слободни поетски денови” свое учество на манифестацијата земаа и млади неафирмирани поети каде наградите ги освоија Маја Арминовска од Кичево,Катерина Димитриевска од Куманово и Станка Ризова од Кавадарци.

Десетата Меѓународната Литературна Манифестација "Илинден-2009" се одржа под покровителство на Градоначалникот на Општина Илинден г-дин. Жика Стојановски со подршка на Министерството за култура.


 

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010