Prijavi problem

Одржан Форум за Локален економски развој на Општина Илинден

Објавено на: 15.04.2011 - 13:38

 

Во Националната сала на хотелот Бест Вестерн-Белви се одржа работен состанок на Форумот за Локален економски развој на Општина Илинден, на кој покрај градоначалникот Жика Стојановски присуствуваа претставници на институциите и стопанственици од подрачјето на Општината.

На дневен ред на Форумот се најдоа повеќе теми меѓу кои значењето на партнерството и соработката меѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за локалниот економски развој и општествената одговорност, како и реализираните акциони чекори и активности од Стратешкиот план за Локален економски развој на Општина Илинден, за периодот од 2006 до 2011 година. Притоа, беше истакнато дека во овој период во Општина Илинден се регистрирани 67 нови инвестиции. 

На Форумот стана збор и за новите можности за инвестирање во функција на Локалниот економски развој, како и за идните проектни активности во Општината. На учесниците на Форумот им беше презентирана и 3Д анимација за можностите за инвестирање во Општина Илинден

Форумот за Локален економски развој е формиран во 2005 година, по што беше изработен Стратешкиот план за локален економски развој на Општина Илинден 2006-2011 година. Општината целосно се посвети на остварувањето на овој план кој предвидува темпо со развојна компонента Општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна општина во регионот и пошироко, со создадени услови за одржлив економски и социјален развој, како и квалитетен живот на населението.

Геостратешката положба на Општина Илинден, планирањето на просторот и формирањето на атрактивна понуда на локации и објекти, како и ниската цена на градежното земјиште и комуналиите придонесоа за континуиран Локален економски развој, така што денес на подрачјето на Општината егзистираат околу 750 стопански субјекти.

 

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013