Prijavi problem

Одбележан Свети Трифун и Денот на лозарите во Општина Илинден

Објавено на: 14.02.2017 - 13:53

Во присуство на голем број граѓани, на свечен начин, со традиционално закројување на виновите лози во дворот на црквата „Свети Трифун“ во н.м Ајватовци и избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин, во Општина Илинден беше одбележан празникот на лозарите.

Одбележувањето почна со Божествена литургија, што по повод православниот празник Свети Трифун, ја одржаа свештениците од Македонската православна црква.


Веднаш потоа следуваше традиционалното закројување на лозјата, по што во рамките на манифестацијата по четврти пат се одржа презентација и избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин. Како и во изминатите години, изборот го извршија членовите на „Винско витештво“ од Македонија - здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура.



Најдобро, според нив беше виното на Аце Димовски од н.м. Ајватовци, второто место го освои Киро Митровски од нас. Илинден, а третото место го поделија Тодорче Георгиевски од н.м. Бунарџик и Петре Ристовски од нас. Илинден.

Градоначалникот Жика Стојановски на најдобриот винопроизводител во Општината му додели специјална плакета.


Според членовите на жири комисијата,  и годинава на овој своевиден вински саем речиси сите вина беа со одличен квалитет, што само ја отежна нивната задача, како што велат, да го одберат најдоброто.

Составен дел и на годинешната манифестација беа македонските песни и ора без кои е незамисливо одбележувањето на Свети Трифун.

Празнувањето на православниот празник Свети Трифун во н.м. Ајватовци, според повозрасните жители од ова населено место, е традиција која влече корени во далечното минато и е наследена од нивните татковци и дедовци.




Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013