Prijavi problem

Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“

Објавено на: 08.05.2018 - 14:30

Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ со спортски активности и креативни работилници го одбележаа патрониот празник на училиштето и 115. годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Одбележувањето на патронатот почна со положување свежо цвеќе пред бистата  на Гоце Делчев во училишниот двор, што беше проследено со настап на училишниот оркестар, како и рецитал каде со свои творби се претставија повеќемина ученици. Свежо цвеќе положија и претставници на општина Илинден, прдводени од  градоначалникот Жика Стојановски.

Во рамките на спортските активности чија цел е да се поттикне спортскиот дух кај учениците беа застапени повеќе спортски дисциплини, додека на работилниците беа прикажани изработките на учениците од воннаставните активности.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013