Prijavi problem

Одбележан „Денот на пченицата 2019“

Објавено на: 31.05.2019 - 16:48

Под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сојузот на стопански комори на Македонија и Oпштина Илинден, а во организација на компанијата „Агроунија“ се одржа манифестацијата „Ден на пченицата 2019“.

Сопственикот на компанијата „Агроунија“ и претседател на Агро-бизнис комората, Огнен Оровчанец, пред домашните и странски гости, стопанственици, професори, академици, претставници на јавни институции, експерти од ФАО од Рим, експерти за семе од Министерство за земјоделство на Бугарија, претставници од Министерство за земјоделство од Србија, Турција, Албанија, Хрватска, Косово, Романија, истакна дека иновативниот пристап во развојот на сортните пченици признати меѓународно, е она што ги движи напред и одржува сите овие години.

Како што истакна Оровчанец, во годината кога компанијата „Агроунија“ го одболежува своето 30-ет годишно постоење и работење, новина е тоа што од 2019 година на европскиот каталог на сорти ќе бидат внесени за прв пат две македонски сорти пченици и една сорта тритикале кои се создадени во „Агроунија“, што значи дека семето може да се продава во земјите од Европската унија.

Свое обраќање до присутните имаше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, кој им го честиташе 30-ет годишниот јубилеј од постоењето на „Агроунија“, посакувајќи уште многу успеси во иднина. Тој рече дека компанијата „Агроунија“ како една од првите стопански субјекти во Општината е член на Форумот за локален економски развој на Општина Илинден и активно учествуваше и се уште учествува во креирање на сите стратешки документи и акциони планови за развој и унапредување на локалната заедница.

-Чест и задоволство ми претставува тоа што успесите на „Агроунија“ се познати и признаени не само во нашата земја туку и во земјите од соседството како и пошироко во регионот, додаде градоначалникот Стојановски.

Во рамки на одбележување на „Денот на пченицата“ којшто традиционално се одржуцва последната недела во месец мај, беше извршена обиколка на опитните полиња и презентација на македонските сорти пченици.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013