




Нова инвестиција во општина Илинден: Отворен дистрибутивен и логистички центар на „Палкомак“
Објавено на: 26.04.2018 - 23:24
Во локалната економска зона Марино-Кадино, во присуство на голем број деловни партнери и гости, меѓу кои и градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, на свечен начин беше предаден во употреба нов дистрибутивен и логистички центар на компанијата „Палкомак“, која што се занимава со репроматеријали за прехранбената индустрија.
Новиот центар изграден е на површина од 800 квадратни метри, а според инвеститорите во него се инвестирани над половина милион евра македонско-германски капитал. Како што велат од „Палкомак“, главна причина да се решат да инвестираат во општина Илинден се поволностите што ги нуди општината и пред се квалитетната инфраструктура. Благодарејќи на поволната бизнис клима и на континуираното создавање услови за влез на нови инвестиции и проширување на постоечките капацитети, општина Илинден останува во фокусот на инвеститорите, поради што континуиран е интересот за вложување во стопански објекти и за отворање нови слободни работни места. |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманието
НастаниИзвестувања
ГалерииВидео
Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
|
Остави коментар